Во ова село сите жени и девојчиња се приморани на проституција

Сподели со своите пријатели

Селото Сагар Грам во Индија е единствена во светот не само по тоа што во него се раѓаат повеќе девојчиња од момчиња, туку и по тоа што во оваа село жените во хранителски семејства, очекуваат дека откако доволно ќе пораснат, односно наполат околу 11 години, ќе започнат да се занимаваат со проституција и да го издржуваат своето семејство.

Индија официјално ги укина кастите пред околу 70 години, но тешко е до крајот да се искорени традицијата стара цел милениум. За голем број Индијци, кастите и натаму влијаат на тоа со кого ќе се венчате или што ќе јадете.

Loading...

Во кастинскиот систем денес се заробени милион луѓе кои се експлоатираат. Животот на децата во Сагар Грам, но и во десетици други индиски села, е најстрашниот доказ за тоа, пишува Гардијан.

– Тоа се касти и ропство. „Се проценува дека околу 100.000 жени и девојчиња се во оваа ситуација, а има и многу кои се уште ги немаме идентификувано. Ова е невидлив проблем, вели Ашиф Шаик, член на организацијата која се занимава со припадничките на пониските касти во Индија.

Лина (22) раскажала дека започнала да работи на 15 години, откако нејзиното семејство имало парични проблеми.

– Сите други девојки во селото го правеа тоа, и тогаш се чувствував приморана и јас да го направам. Тоа беше моја одговорност, рекла Лина.

Сексот отпрвин бил мистерија за Лина.

– Кога бев млада, најважната работа ми беше да видам пари од муштериите. Не разбирав што ми правеа. Само собирав пари, рекла таа.

Првата ноќ заработила 5.000 рупии. Потоа цената и паднала. Друга жена (29) вели дека најмногу за една средба можат да се добијат 200 рупии. Понекогаш дневно се сретнува со пет или шест мажи.

Возраста на сексуалната согласност во Индија е 18 години. Државата Мадја Прадеш, во која се наоѓа селото Сагар Грам, неодамна ја усвои смртната казна за секој кој ќе силува дете под 12 години, а исто така се зголемени и казните за возрасните кои ќе стапат во сексуални односи со малолетници.

Loading...

Од полицијата наведуваат дека минатата година во Сугар Грам се приведени седум лица поради сексуална експлоатација на деца, од кои пет жени кои ги продавале своите малолетни ќерки. Законот е јасен, но не помага кога ќе се испречат општествени обичаи и економските проблеми.

Поголемиот дел од мажите во селото не работат. Ним им се нудат најслабо платените професии кои се сметаат за понижувачки. Затоа се потпираат на своите деца. Семејствата неретко чекаат на тремот од домот додека ќерките се внатре со муштерии.

Еден од мештаните, Балрам чаун, би моќел да биде богат човек, тој има пет ќерки, пишува Гардијан. Меѓутоа, тој е единствениот татко во целото село кој не ги приморува своите деца да се занимаваат со проституција.

– Да ги изложите на такво насилство и психичко и физичко злоставување? Како некој родител може да ги натера децата на нешто такво?, рекол Чаун.

Неговата мајка била проститука, а покрај неговото противење, и неговите четири сестри се занимавале со проституција.

– Од моментот кога сфатив што всушност прават се обидев да ги спречам. Но, родителите беа против мене. Рекоа дека нашата култура која трае со години е таква. Кој бев јас нешто да променам?, додава тој.

Тој не може да се пресели од оваа село затоа што никој нема да му изнајми дом поради кастата на која и припаѓа. Поради тоа отворил мала продавница од која се обидува да живее и да ги образува своите ќерки.

– Да имам една ќерка, би можел тоа да го изведма. Но, со пет, многу тешко, заклучил тој.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *