Јужна Кореја и САД одржаа заеднички воени вежби за заштита од радиолошки опасности

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја и САД одржаа заеднички воени вежби со цел да се заштитат од заканите од Северна Кореја, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за одбрана.

Loading...

Вежбите вклучуваат одбрана од потенцијални хемиски, биолошки и радиолошки напади од Северна Кореја, пишува Јонхап.

Вооружените сили на двете земји, како што се наведува, одржале теренски вежби, а потоа разговарале за соработка во областа на заштитата од нуклеарни, хемиски и биолошки напади.

Со денешните вежби е завршена четиридневната заедничка воена акција меѓу американските и јужнокорејските сили наречена Либерти Фокус, која се одржува секоја година, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 загинати во несреќа за време на фестивалот на оган во Иран