Според одлуката на денешната 47-ма седница на Советот на Општина Куманово, Јавното претпријатие „Пазариште“ ќе аплицира за проект за прекугранична соработка со кој се предвидува уредување на градскиот пазар.
Станува збор за проект во рамките на Меѓународната прекугранична соработка Македонија – Бугарија 2016-2020 кој може обезбеди средства од ИПА фондови, за да претпријатието изврши санација на кровната конструкција во првиот, вториот и третиот дел од пазарот, пред се ставајќи акцент на делот од т.н. зелен пазар.
Доколку се одобрат финансиските средства проектот со учество 50-50 ќе се реализира заедно со градот Јакоруда од Бугарија.
Лидер во овој проект ќе биде Општина Јакоруда од Бугарија. Околу 12 милиони денари ќе биде само за нашите проекти. Ние имаме проблеми со бојата на продуктите поради атмосферските влијанија и тоа ќе се санира – вели директорот на ЈП „Пазариште“ Илир Саити.
Конечната одлука дали ќе бидат издвоени средствата ќе се знае веќе кон крајот на следниот месец.