Ја изневерил, а таа му приреди одмазда на која сите соседи се смееја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една жена со скршено срце решила да го казни нејзиното поранешно момче кое ја изневерувало, така што му испратила тон кромид, за да се расплаче како неа.

Loading...

Девојката, која никако не можела да го преболи раскинувањето што се случило пред повеќе од една година, решила да подготви сцена за своето поранешно момче која сигурно нема лесно да ја заборави.

Ја изневерил сопругата, а таа брутално му се одмаздила (ВИДЕО)

На сликите објавени од кинеските медиуми се гледа како човек гледа зачудено во огромната количина кромид испорачана на неговата адреса.

Како што објавиле, девојката било бесна затоа што дознала дека нејзиното поранешно момче не пролеало солза откако тие раскинале, додека таа поминала три дена во плачење.

– Слушнав дека тој воопшто не бил потресен по раскинувањето. Плачев со денови, јас бев скршена – изјавила таа за локалните медиуми.

Ја изневерил, па му се одмаздила таму каде најмногу го боли (фото)

Затоа, таа одлучи да нарача еден тон црвен кромид да се достави до неговата врата, а со пратката и порака:

Loading...

– Плачев три дена, сега тебе ти е редот.

На видеото е прикажан и голем камион кој испорачува кромид и курири кои со часови го истоварале на адресата.

Подоцна, се огласило и момчето поради кое е направено сето ова, и рекол дека неговата поранешна девојка секогаш била многу драматична.

Го изневерила, а тој и купи подарок, кога ја отвори кутијата вресна на сиот глас (видео)

– На сите им кажуваше дека не сум плачел по раскинувањето. Дали е тоа само зошто сум лоша личност? – се запрашал тој.

Еден сосед кој живее до него рекол дека не знае дали момчето плачело, но дека тој дефинитивно го сторил тоа и дека целата област смрди на кромид.

Leave a Reply