Израелски политичар повика да се запали Газа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот политичар Нисим Ватури денеска го повтори својот повик да се запали Газа, велејќи дека „таму нема невини“.

Loading...

Ватури, заменик-претседател на израелскиот парламент (Кнесет), во ноември рече дека Израел не смее да направи „ништо помалку од да ја запали Газа“ и „да ја спали“, велејќи дека „Газа е Хамас“.

Тој денеска за радиото Хакол Барамах изјави дека не се кае за своите зборови и дека стои на нив, додавајќи дека „подобро е да се палат згради отколку да се повредуваат војници“.

Алудирајќи на Палестинците кои останаа на северот на Газа по повторените наредби на израелската армија да заминат таму на југ, Ватури рече дека ги има стотина и дека нема милост за нив.

„Треба да ги елиминираме“, рече израелски политичар, еден ден пред сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата, на кое Јужна Африка го обвини Израел за геноцид.