Изгоре помошна просторија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Помошна просторија на улицата „405“ во Куманово вчера била опожарена, информираат денеска од полицијата.

Loading...

– На 09.11.2023 година во 19.58 часот во СВР Куманово, Д.Г. пријавил дека настанал пожар во помошна просторија на улицата „405“ во Куманово, велат од Секторот за внатрешни работи.

Пожарот, како што се додава, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новосељане – село населено уште од римско време