Италијанската мафија набавува оружје од Балканот и сака модерни дронови

Сподели со своите пријатели

Главниот обвинител на Палермо, Маурицио де Лучија, изјави дека мафијата сака да купи оружје – дронови слични на оние што се користеле во војната во Украина, објави Анса.

– Пронајдовме оружје со потекло од Саленто (во Апулија), но кое всушност доаѓа од Балканот – поранешна Југославија – рече де Лучија пред парламентарната комисија за борба против мафијата.

– Но, свесни сме за интересот на мафијата за пософистицирано оружје. На пример, она што се појави на црниот пазар за време на војната меѓу Русија и Украина. Имаме индикации за купување муниција лансирана со дронови – оружје од кое не сме подготвени да се браниме. Значи, постои обид за обнова на висококвалитетен арсенал. Ова важи и за округот Палермо и други области – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мал авион се урна во близина на аеродром во Аризона. Едно лице загина (ВИДЕО)