Инспекцијата на гасоводите во Балтичкото Море за една или две недели

Сподели со своите пријатели

Инспекцијата на два гасоводи „Северен тек“, намерно оштетени од подводни експлозии во близина на дански остров во Балтичкото Море, нема да биде можна во следната недела до две, изјави денеска данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков.

Loading...

„Веројатно ќе бидат потребни една или две недели пред областа да биде доволно мирна за само да се утврди што се случило“, изјави Бодсков за данските медиуми на маргините на состанокот со генералниот секретар на НАТО во Брисел.

Зборувајќи за гасоводите кои се на длабочина од околу 80 метри, министерот рече дека дошло до многу голема експлозија и дека ќе треба време да се стигне до нив.

Гасоводите што ја поврзуваат Русија со Германија не се во функција поради војната во Украина, но тие содржеле гас чие истекување било видливо на површината на водата со пречник од 200 метри до еден километар.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.