Инфлуенсери учествувале во бизарен предизвик, па завршиле во болница со сериозни повреди

Сподели со своите пријатели

Тројца инфлуенсери од Бразил претрпеле сериозни повреди откако учествувале во бизарен предизвик организиран од пејачот Андерсон Неиф, пишува Daily Mail.

Loading...

Предизвик за издржливост бил организиран на 6 април во државата Пернамбуко, каде што МЦ Тами, Теус Неиф и Артур Браза стоеле во кофи полни со мраз и крупна сол.

Целта била да се тестира нивната физичка и ментална сила, а Андерсон тврди дека предизвикот бил спроведен под надзор на пожарникари.

Меѓутоа, откако инфлуенсерите поминале околу 15 минути во кофите, почнале да чувствуваат силна болка.

Лекарите предупредија дека можеби ќе треба да ги ампутираат прстите на нозете поради изгорениците од втор и трет степен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инстаграм тргнува во борба против профили кои само копираат и објавуваат туѓи содржини

Повредите беа видливи на социјалните мрежи каде инфлуенсерите го споделија своето искуство, не можејќи да ги сокријат солзите.

Андерсон ја презеде одговорноста за инцидентот и упати јавно извинување, изразувајќи жалење и вети дека ќе ги поддржи жртвите, вклучително и со покривање на медицинските трошоци.

Тој рече дека не бил предупреден од пожарникарите за можните последици од предизвикот и дека сака да изрази каење за ситуацијата во која инфлуенсерите се здобиле со тешки повреди.

Loading...