Илон Маск лансираше нови сателити во орбитата на Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Space X“ на американскиот милијардер Илон Маск објави дека лансирала 21 интернет сателит Starlink во ниската орбита на Земјата со помош на ракетата Falcon 9.

Loading...

За време на лансирањето било користено лансирно возило за повеќекратна употреба, така што Falcon 9 се уште е употреблив, објавија медиумите.

Носачот, откако го одвои сателитот, изврши контролирано вертикално слетување на платформа за слетување на беспилотни летала на море, која SpaceX ја нарече „Секако дека сè уште те сакам“ (OCISLY – Of Course I Still Love You).