И денеска услови за дожд, од утре не очекува постабилно време

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеорлошки работи во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со повремен локален дожд, особено во југоисточните делови.

Loading...

Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а дневната од 18 до 25 степени.

prognoza

Што се однесува до Куманово, според порталот за временска прогноза accuweather, денеска не очекува облачно време проследено со врнежи од дожд во текот на целиот ден и умерен ветер од северозападен правец. Температурата од утринските 11 степени во текот на денот ќе достигне вредност од максимални 17.

Во почетокот на работната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без поголеми промени.