Хајнекен ја прекина работата во Русија

Сподели со своите пријатели

Холандскиот производител на пиво Хајнекен денеска соопшти дека се повлекува од Русија поради војната на Москва против Украина.

Loading...

Компанијата соопшти дека нејзиниот бизнис во Русија „повеќе не е одржлив или можен во постоечката средина“, што доведе до одлука да ја напушти Русија.

 

Првата мина го запре сообраќајот во Црното Море. Турција сега најде уште една

 

Heineken ќе продолжи да ги плаќа своите 1.800 вработени во Русија до крајот на годината.

Беше најавено дека компанијата бара пропишан начин да го префрли бизнисот на новиот сопственик, во целосна согласност со меѓународните и локалните закони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Компанијата најави дека нема да профитира од продажбата на бизнисот во Русија, од која очекува 400 милиони евра.

Loading...

 

Канада и нуди помош на Европа за нафта и гас

 

Поради меѓународните санкции по инвазијата на Москва на Украина, холандската пиварница ги запре новите инвестиции и продажбата во Русија и го запре производството, продажбата и рекламирањето на својот бренд Хајнекен таму.

Компанијата денеска соопшти дека сѐ уште „се надева дека во блиска иднина ќе се најде пат кон мирно решение“.