Гутереш: Нападите врз мировниците на ОН може да претставуваат воено злосторство

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш синоќа предупреди дека секој напад врз мировниците на ОН „може да претставува воено злосторство“, рече неговиот портпарол, откако израелски тенкови ги пробија портите на мировната база во јужен Либан.

Loading...

Ова беше последното обвинение против израелските „прекршувања“ и напади врз мировната мисија на Обединетите нации, познати како УНИФИЛ, кои се случија во последните денови, според Ројтерс.

„Мировниците на УНИФИЛ остануваат на сите позиции, знамето на ОН сè уште се вее“, изјави портпаролот на Гутереш Стефан Дизарик.

Гутереш истакна дека персоналот на УНИФИЛ и нивните објекти никогаш не смеат да бидат цел.

„Нападите врз мировниците се спротивни на меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Тие можат да претставуваат воено злосторство“, заклучи тој.

Претходно вечерта израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од мировните сили на ОН веднаш да се повлечат од јужен Либан, бидејќи, според него, „терористичката група Хезболах ги користи меѓународните трупи како жив штит“, пренесува Танјуг.