Екстремистичката група Боко Харам денеска презеде одговорност за киднапирањето стотици ученици во северозападна Нигерија.
Loading...
– Јас сум Абубакар Шекау и нашите браќа стојат зад киднапирањето во Кацина, рече лидерот на групата во аудиопорака.
Повеќе од 300 ученици сè уште се водат како исчезнати откако вооружени лица нападнаа средно училиште во Канкара, град во северозападниот дел на државата Кацина во Нигерија, соопштија властите.
Напаѓачи на мотори во петокот упаднаа во државно училиште и киднапираа 333 ученици по што се судрија со безбедносните сили.
Боко Харам се одговорни и за киднапирањето на стотици ученички во Чибок во 2014 година.
Јасмина Тасевска