Груби оствари средба со новиот шеф на ОБСЕ, амбасадорот Вал

Сподели со своите пријатели

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Loading...

На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, интегративниот процес, уставните измени и реформите, Охридскиот рамковен договор, како и за претседавањето на нашата земја со ОБСЕ од почетокот на следната година.

Груби му посака добредојде на амбасадорот Вал и успешна работа во новата мисија, притоа заблагодарувајќи му се за соработката со ОБСЕ и за досегашните проекти, соработка која ќе продолжи и во иднина со уште посилно партнерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Двајцата соговорници изразија очекувања за успешно продолжување на соработката во пресрет на почетокот на претседавањето на земјата со најголемата безбедносна организација во светот, нагласувајќи дека Република Северна Македонија е подготвена прецизно да придонесе за унапредување на демократските вредности во време кога европскиот континент се соочува со опасни предизвици.

Процесот на интеграција на земјава во Европската Унија бил дел од разговорот на средбата меѓу Груб и амбасадорот Вал, истакнувајќи ја потребата за отпочнување на процесот на уставни измени како услов за продолжување на европскиот пат и формирање на заеднички фронт на сите политички актери во земјата се со цел отпочнатиот процес да нема пречки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Груби ја покани мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да придонесе за социјална кохезија и имплементација на Охридскиот договор како и за реализација на Школата за млади лидери и Фестивалот на мирот како современа форма за означување на вредноста на Охридскиот договор.