Општинската Организација на ГРОМ Куманово, денес на прес конференција изразија сочуство до семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили за време на вооружените напади, притоа заблагодарувајќи се на граѓаните за присебноста во моменти на криза.
Loading...
ГРОМ испраќа апел до СДСМ да го откаже протестот, истакна Зоран Петрушевски, член на ИО на ГРОМ.
– Не е време за кавги, затоа ГРОМ посебно го замолува СДСМ да го одложи собирот за 17 мај, бидејќи цениме дека тој собир може да тргне на лошо, со што ќе ја загрозите безбедноста на сите нас, истакна Петрушевски.