Русија, САД и Украина наскоро ќе започнат нова рунда преговори во Абу Даби

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денес потврди дека нова рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Американски Држави (САД) и Украина ќе започне во вторник, 10 ноември, во Абу Даби, пренесува ТАСС.

За време на оперативниот состанок со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија, Путин објави дека ги собрал членовите на руската делегација што патува во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за да ги дефинира деталите за претстојните разговори, пренесува Фонет.

На состанокот присуствуваа помошникот на претседателот Владимир Медински, кој ќе ја предводи руската делегација, директорот на Службата за воено разузнавање (ГРУ) Игор Костјуков, помошникот за меѓународни работи Јуриј Ушаков, како и заменик-министрите за надворешни работи Михаил Галузин и Сергеј Рјабков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Москва нема детали за мировниот договор на Трамп

„Со оглед на тоа што преговорите треба да започнат во вторник, ги поканив моите колеги кои ќе учествуваат во нив на кратка дискусија на оваа тема“, рече Путин.

Руските државни медиуми објавија дека трилатералниот состанок ќе трае два дена. Како што претходно најави специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, делегациите на трите страни во Абу Даби планираат да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решавање на конфликтот.