Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, денес изјави дека Катар соработувал со американската администрација во последните недели за да ја контролира ситуацијата во регионот, објави Ал Џезира.
Тој рече дека намерата на Вашингтон да најде решение сè уште постои дури и по среднорочните избори во САД, нагласувајќи дека прашањето не може да се остави нерешено и дека не смее да се дозволи нова ескалација во регионот.
„Едвај чекаме да постигнеме совршен договор и се надеваме дека ќе постигнеме добар договор“, рече Ал Тани, додавајќи дека медијаторските напори на Катар продолжуваат за да се спречи ситуацијата да излезе од контрола.
Тој изјави дека разговарал со сите министри за надворешни работи во регионот како дел од напорите за наоѓање решение и оцени дека Катар постигнал многу и дека е можен договор.
Зборувајќи за ситуацијата во Либан, Ал Тани рече дека гранатирањето продолжува и покрај прекинот на огнот, додека осврнувајќи се на палестинското прашање, тој изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот.
„Од 7 октомври, и покрај нашите напори за посредување, не сме сведоци ништо друго освен нестабилност во регионот“, заклучи катарскиот премиер.

