Грчки министер забрани мобилни телефони на училиште

Сподели со своите пријатели

Грчкиот министер за образование Костас Гавроглу упати циркуларна порака во која наведува дека се забранува на учениците во училишните простории да користат мобилни телефони и други уреди кои имаат способност за фотографирање или снимање.

Министерот во пораката, исто така, забранува да се објавуваат фотографии и видео снимки од ученици во училиштата на училишните веб сајтови.

Како што пренесува грчкиот портал Прототема, циркуларната порака вклучува четири препораки.

https://kumanovskimuabeti.mk/animiran-film-koj-govori-za-opsednatosta-so-mobilni-telefoni-video/

Loading...

Првата е дека на учиниците нема да им биде дозволено да носат мобилни телефони на училиште.

Како втора ставка се наведува дека на учениците нема да им биде дозволено да носат било какви електорнски уреди или уреди за игри, кои имаат систем за обработка на фотографија и звук, во училишните простории.

Еквивалентните уреди за снимање звук и фотографија, кои им се достапни за време на наставата, ќе можат да ги користат единствено под надзор на наставникот.

Се наведува дека и наставниците, покрај достапните електронски уреди, можат да ја користат само сопствената лична електронска опрема за време и за потребите на наставата, но во рамките на образованиот процес, во склад со безбедносните правила и релевантни одредби за заштита на личните податоци на учениците и наставниците.

Места на кои никако не смеете да го држите мобилниот телефон

Како последна препорака се наведува дека не е дозволена употреба на безбедносни камери во училниците за време кога училиштата работат.

Leave a Reply