Градежна инженерка од Куманово обвинета за несовесно работење

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Т. (49)  од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата “ и „фалсификување на службена исправа“.

Loading...

Пријавената како главен надзорен инжињер, при градба на објект – семејна куќа во Куманово, сопственост на инвеститорот С.П. од Куманово, постапила спортивно на основниот проект за градба и на добиеното одобрение од страна на Сектор за урбанизам, на тој начин што изготвила и заверила одобрение за употреба во кој внела невистинити податоци и истото го приложила во Секторот за урбанизам при Општина Куманово, заради запишување во катастарот на недвижности.

Со овие дејствија пријавената овозможила инвеститорот да прибави противправна имотна корист во износ од 15.798.135 денари, преку продажба на станбените простории.