Голема заплена во близина на Португалија: Полицијата пронајде 2,6 тони кокаин вредни 500 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, полицијата заплени повеќе од 2,6 тони кокаин со проценета улична вредност од 500 милиони евра (570 милиони долари), објави денес италијанската гранична и царинска полиција.

Дрогата е пронајдена на ултрабрз океански брод со крут труп, кој обично го користат шверцерите за преземање на нелегални пратки фрлени на отворено море од големи бродови што доаѓаат од Јужна Америка, соопшти италијанската полиција, објави Ројтерс.

Уапсени се четири лица кои биле на бродот – двајца Шпанци, еден жител на Гибралтар и еден албански државјанин кој живее во Италија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца мртви, петмина повредени во пукотница во Сиетл, еден осомничен уапсен

Операцијата е спроведена во соработка со шпанските и португалските власти, а италијанското обвинителство од градот Бреша на северот од земјата ја координирало истрагата.

„Вредноста на ова количество кокаин на големо се проценува на приближно 78 милиони евра, но по пристигнувањето на одредиштето и разредувањето за малопродажба, кокаинот би донел вкупен приход од околу 500 милиони евра“, се вели во полициското соопштение.