Глечерите на Хималаи се топат двојно побрзо

Сподели со своите пријатели

Споредбата на најновите снимки од Хималаи со оние од пред 40 години покажале дека мразот од овој планински венец се топи двојно побрзо.

Loading...

Научниците споредиле фотографии кои во времето на Студената војна ги направиле американски извидници со неодамнешни фотографии од набљудувачките мисии на вселената.

Глобалното затоплување ја открива темната страна на Монт Еверест

Истражувањето покажало дека од 2000 година висината не глечерот се намалувала за половина метар годишно, а научниците тврдат дека климатските промени се главна причина за тие појави.

Со тоа американскиот Универзитет Колумбија открил дека во периодот од 1975 до 2000 година исчезнале во просек четири милијарди тони мраз секоја година.

Огромна празнина откриена под најопасниот глечер во светот

Меѓутоа, помеѓу 2000 и 2016 година брзината на топењето на глечерот скоро се дуплирала, исчезнале осум милијарди тони годишно.

– Осум милијарди тони мраз е доволно да се наполнат 3,2 милиони олимписки базени годишно. Глечерите најмногу губат мраз на дното, каде е најразреден. Некои се истенчиле по пет метри за година дена, објаснил Џошуа Маурер од Универзитетот Колумбија.

Loading...

Мразот на Гренланд се топи побрзо од очекуваното

Научниците тврдат дека континуираниот губиток на мраз би можел да остави трајни последици.

Краткорочно гледано, топењето на мразот би можело да предизвика поплави, додека долгорочно милиони луѓе кои зависат од вода од планините во текот на сушните години би можеле да се соочат со сериозни потешкотии.

Image by Anita Chen from Pixabay

Leave a Reply