Огромна празнина откриена под најопасниот глечер во светот

Сподели со своите пријатели

Под глечерот Твејтс на Антарктикот откриена е огромна празнина, што би можела да доведе до значително зголемување на нивото на морето, соопштува НАСА.

Loading...

Деталното истражување покажало дека под најопасниот глечер во светот расте шуплина, која моментално има површина како две третини од Менхетен и височина од 300 метри.

Празнината некогаш содржела 14 милијарди тони мраз, од што најголемиот дел се стопил во изминатите три години.

Големината на празнината под глечерот игра важна улога во неговото топење. Што е поголем волуменот, повеќе топлина и вода ќе влезат во него и ќе го забрзаат топењето, објаснува лидерот на истражувањето Пиетро Милиљо од Наса.

Глечерот Твејтс се смета за најопасен глечер во светот поради својата нестабилност и фактот дека заедно со глечерот Пај Ајленд прават ослабнување на Западната антарктичка плоча.

Неговото топење и евентуално одвојување би довело до значително растење на нивото на морето.

Со површина на Флорида, глечерот Твејтс содржи доволно мраз да го крене нивото на морето за половина метар. Освен тоа, спречува и топење на други глечери кои исто така би можеле да го кренат нивото за повеќе од два метри.

Истражувачите ја откриле празнината со користење на псоебен радар во операцијата „Ice Bridge“.

Loading...

Leave a Reply