Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили продолжуваат да ги фокусираат своите напори на воспоставување целосна контрола врз територијата на регионот Доњецк и на задржување на деловите од регионите Харков, Луганск, Донецк, Запорожје, Херсон и Миколаев што го заробиле.
Руските сили се обидуваат да создадат поволни услови за продолжување на офанзивата, а вршат и воздушни и ракетни напади врз воени и цивилни цели во Украина, пренесува Укринформ.
Во правец на Харков, Славјанск и Краматорск, руските сили гранатираа некои населени места, се наведува во извештајот.
Се додава дека во правец на Доњецк руските сили ги концентрираат силите на изведување офанзивни операции во правец на Бахмут и Авдијевка, пренесува Танјуг.
Украинскиот Генералштаб посочува дека обидите на руските трупи да напредуваат во правец на Славјанск, Бахмут и Авдијевка биле неуспешни.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.