Ги нарекуваат рајски коњи, во светот ги има 6.000, а еден е во сопственост на познат диктатор (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов е познат по својата диктатура, но и како вљубеник во коњи. Неговиот миленик е познатиот „златен коњ“ Ак Кан, кој припаѓа на ретката раса Акхал-теке.

Во светот има околу 6.000 вакви единки, изклучително скапи и важат за најубавите коњи во светот.

Омилениот коњ на претседателот на Туркменистан на својот сопственик му дал совршен роденденски подарок со оборување на светскиот рекорд во одење на задни нозе.

Престолнината на Туркменистан има аеродром за Гинис (галерија)

Loading...

Ак Кан (бел коњ) го постави новиот рекорд кој официјално се вика „Најбрзи 10 метри на задни нозе од страна на коњ“ во државниот циркус на Туркменистан.

Коњот на лидерот Гурбангули Бердимухамедов се исправил на задните нозе и поминал должина од 10 метри без спуштање на предните нозе.

Гурбангули Бердимухамедов, кој тој ден наполнил 61 година, напишал и книга за расата Акхал-теке, на која припаѓа и неговиот миленик.

 

 

Овој диктатор, како го гледа остатокот од светот, на своите граѓани им ги укина бесплатните струја, вода и гас.

Цели 24 години домаќинствата во таа поранешна советска република богата со гас, која има 5,5 милиони жители, имале право на бесплатни струја, вода и гас. Сепак последните години започнаа да се воведуваат ограничувањата.

Претседателот на Туркменистан пука, фрла ножеви, прави згибови и се претставува како БОГ (видео)

АКХАЛ-ТЕКЕ

Акхал Теке е раса на коњ од подрачјето на Средна Азија, од која е проширена и на подрачјето на Русија и Турција.

Национален е симбол на Туркменистан, каде посебна државна агенција спроведува одржување и развој на видот. Во прашање е редок вид на коњ и има само околу 6.000 вакви единки во светот.

Во просек, цената на вавките коњи се движи од 5.000 до 35.000 долари за чистокрвните животни.

 

 

Loading...

Во Кина ги нарекуваат рајски коњи, поради сјајните свиленкасти влакна кои ги прекриваат. Со испитување на нивните влакна, утврдено е дека поради својата градба сјаат на светлината.

Имаат префинета глава со претежно рамно или благо конвексен профил и долги уши. Моѓат да имаат очи во форма на бадеми. Покрај металниот сјај, познати се и по брзината, издржливоста и интелигенцијата.

Сите сметаат дека тоа се најубавите коњи вос ветот, а поради неверојатниот отсјај, ги нарекуваат „златни коњи“.

Leave a Reply