Германиија ќе обезбеди систем за противвоздушна одбрана на Украина

Сподели со своите пријатели

Германија  ќе го испорача првиот од четирите ветени системи за воздушна одбрана од типот IRIS-T SLM на Украина во рок од неколку дена, потврди министерката за одбрана Кристина Ламбрехт.

Loading...

„Новиот ракетен напад врз Киев и многу други градови покажува колку е важно Украина да се снабдува со системи за противвоздушна одбрана“, рече Ламбрехт.

„Руските напади со проектили и беспилотни летала особено го тероризираат цивилното население. Затоа сега испраќаме системи за противвоздушна одбрана во Украина“, додаде германскиот министер за одбрана.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.