Генералштаб на Украина: Продолжуваат најжестоките борби за Бахмут и Маринка

Сподели со своите пријатели

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека продолжуваат најжестоките борби со руските сили за Бахмут и Маринка.

Loading...

Генералштабот на Украина наведува дека, и покрај големите загуби, руските трупи продолжуваат со обидите да напредуваат на четири линии на фронтот – кај Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка, пренесува Униан.

Се додава дека украинските сили во изминатиот ден одбиле 49 напади на тие правци, а на оперативниот правец Бахмут продолжуваат тешките борби за самиот град.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.