Филипинските и американските воздушни сили започнаа заеднички вежби

Сподели со своите пријатели

Филипинските и американските воздушни сили денеска почнаа заеднички вежби со цел зајакнување на оперативната координација и „стратешкото одвраќање“, соопштија филипинските власти.

Loading...

„Подобрување на борбената готовност и ефективноста на заедничката мисија“ ќе биде во центарот на оперативната вежба насловена како Cope Thunder“, рече началникот на филипинските воздухопловни сили Артур Кордура на свеченото отворање на вежбата.

Манила и Вашингтон ја зајакнаа одбранбената соработка откако филипинскиот претседател Фердинанд Маркос ја презеде функцијата во 2022 година.

Тој се противи на територијалните претензии на Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Кина тврди дека има суверенитет над голем дел од островите и гребените во ова море, вклучувајќи ги и водите и островите во близина на бреговите на неколку соседни земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Берзите предвидуваат уште еден „пазарен масакр“ поради воведувањето царини

САД одобрија продажба на 20 борбени авиони Ф-16 на Филипините минатата недела, иако Манила рече дека договорот „се уште е во преговори“.

„Темпото на нашиот сојуз се забрзува“, рече американскиот генерал-мајор Кристофер Шепард на церемонијата.

Вежбите, кои ќе траат до 18 април, ќе бидат на островот Лузон, регионот на Филипините најблиску до Тајван.

Loading...