ФБИ пронајде илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Сподели со своите пријатели

ФБИ објави илјадници нови документи поврзани со атентатот на Џон Кенеди во 1963 година, по повикот на Доналд Трамп, што може да даде нови сознанија за настанот.

Loading...

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) пронајде илјадници нови документи поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди, откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на објавување на доверливи разузнавачки документи поврзани со настанот од 1963 година.

ФБИ соопшти дека нова потрага по документите била спроведена откако Трамп потпишал извршна наредба за нивно објавување во јануари, објави Ројтерс.

Тоа пребарување резултираше со околу 2.400 нови, претходно неидентификувани и дигитализирани документи кои сега се поврзани со досието за атентатот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск ги бранеше мерките за намалувањата на државната администрација

ФБИ ги извести властите и во моментов работи на нивно пренесување во Националниот архив, каде што ќе бидат вклучени во процесот на декласификација.

Исто така, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање минатата недела испрати препораки до Трамп за тоа кои доверливи документи треба да ги објави.

Детали за тие препораки не се соопштени, а не се соопштува ниту кога ќе бидат објавени документите.

Иако Ли Харви Освалд е осомничен за атентатот на Кенеди во Далас, многу Американци сè уште веруваат во теориите за поширок план за заговор.

Loading...

Историчарите сметаат дека новите документи нема значително да влијаат на постоечките теории и нема да донесат суштински промени во одредувањето што точно се случило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставниците на Трамп размислуваат да ги затворат конзулатите ширум светот поради трошоци