ФБИ објави строго чувани тајни документи за Никола Тесла

Сподели со своите пријатели

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави документи на славниот научник Никола Тесла 73 години откако американската влада запленила два полни камиони со негови работи.

Loading...

mkd-285886

Доверливите документи се објавени врз основа на Законот за слобода на информациите и ги потврдуваат оспоруваните тврдења дека ФБИ го запленил имотот на Тесла, но откриваат и дека американската влада била навистина заинтересирана за неговиот „зрак на смртта“, оружје кое тој наводно го разработил.

Документите на кои долго се чекаше потврдуваат дека ФБИ планирале да уапсат член од семејството на Тесла, за кого верувале дека сакал да ги земе бесценетите белешки на славниот научник.

Станува збор за Сава Косановиќ, внук на Тесла, дипломат, а подоцна и министер за внатрешни работи на Кралството Југославија.

Исто така, досега се веруваше дека Никола Тесла умрел во 85-тата година од животот во својот апартман во хотелот Њујоркер на 7 јануари 1943 година, но новообјавените документи наведуваат дека умрел на 8 јануари таа година.

Меѓу документите можат да се најдат и детали за тоа како американската влада го собрала целиот имот на Тесла, ги запечатила сите документи и го однела во магацин на Менхетн.

Во тогашниот извештај се изразува загриженост, бидејќи Тесла бил натурализиран државјанин на САД, дека можеби немаат право на неговиот имот, но сметаат дека би можеле да ги скријат материјалите од другите разузнавачки агенции „барем на два дена“.

Меѓу објавените документи е и писмо упатено до Џ. Едгар Хувер, првиот директор на ФБИ, во кое се истакнува значењето на делот во кој Тесла пишува за „зракот на смртта“ и неговото потенцијално „клучно значење“ во водните војни.

Се препорачува Тесла „постојано да биде под надзор“, за да се заштити од „странски непријатели“ кои би можеле да бидат заинтересирани за „тајната во непроценливо вредниот документ“.

Други документи покажуваат дека Косановиќ, внукот на Тесла, се обидел да дојде до важните документи и нацрти. ФБИ стравувале дека тој ќе им ги проследи „информациите на непријателиет“.

Во меморандум меѓу документите на ФБИ со датум 9 јануари 1943 пишува дека Тесла спроведувал голем број експерименти поврзани со бежично пренесување струја, „познато како зрак на смртта“.

Штитеникот на Тесла Блојс Фуцџералд во разговор со еден американски државен функционер кажал дека еден месец пред смртта научникот му кажал дека ги усовршил експериментите, а зборувал и за некаков револуционерен дизајн на торпедо.

Претходно се мислеше дека „зракот на смртта“ не постои, а ФБИ тврдеше дека никој од агентите не ги истражувал документите на Тесла, ниту пак дека има такви документи во нивна сопственост.

Инаку меѓи документацијата која агентите на ФБИ ја собрале за Тесла има и бизарни нешта – како на пример едно писмо од педесеттите години во кое се зборува за неговите пронајдоци, како и за машина правена според негови нацрти во 1950 година со која се одржувала „меѓупланетарна комуникација“ и „комуникација со вселенски бродови“.