Фатен 18 -годишен дилер на марихуана и извршител на тешки кражби

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово заедно со кривична пријава до ОЈО Куманово го спроведе лицето Л.З (18) од с.Отља, Општина Липково, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсоси”.

Loading...

Имено, по претходно добиено оперативно сознанине дека пријавениот се занимава со недозволена трговија со дрога, од страна на полициските службеници од СВР Куманово превземени се опреативно тактички мерки при што на 06.05.2015 година, около 19,30 часот, откако пријавениот е забележан како се движи по ул. “Трета Македонска Ударна бригада” извршен е преглед над истиот при што му се пронајдени 7 (седум) паковки со вкупна маса од 23,14 грама наркотична дрога “Марихуана”.

Инаку пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти (тешка кражба) за што СВР Куманово му има поднесено кривична пријава.

По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судијана пријавениот му е одредена мерка притвор од траеже на 30 дена.

 

Leave a Reply