Сеск Фабрегас би можел да се врати во Шпанија и да потпише договор со мадридскиот Реал, лутиот ривал на Барселона во која тој ја мина младинската школа.
Каталонскиот лист „Спорт“ наведува дека трансферот е многу близу, што го потврдува и фактот дека шпанскиот репрезентативец преседе на клупата на мечот против Вест Хем (2:1) во Премиер лигата.
На целата работа инсистираат застапниците на Фабрегас бидејќи тие први го контактирале претседателот на Реал, Флорентин перез, кому идејата му се допаднала.
Фабрегас веќе еднаш ги „изневерил“ навивачите на клубот во кој остави голема трага, кога како капитен од лонсонскиот Арсенал, преку барселона дојде во редовите на градскиот ривал Челзи.
Доаѓањето на Фабрегас во Мадрд значи и сигурно заминување на Рогригез, што најверојатно би требало да биде искористено од доста заинтересираниот Пари Сен Жермен.
Англиските и шпанските медиуми пишуваат дека Реал ќе искешила 45 милиони евра за овој трансфер.
Извор: Б92.нет
Loading...