Во двата дена од викендот ќе имаме жешко време. Но, недела ќе биде нешто попријатана во северните делови од земјава заради спуштање на нешто посвежа воздушна маса од север, а истата ќе допринесе за мал пад на темпаратурата во споменатиот регион.
Сабота ќе биде сончева наутро и претпладне. Попладне ќе има релативно брз локален развој на купесто дождовна облачност во западните краишта од земјава. Поголема е веројатноста овој развој да биде поинтензивен долж планините на западнета граница. Од оваа облачност се очекува местимичен пороен дожд проследен со грмежи.
Навечер сеуште ќе има услови за дожд во поширокото подрачје околу Охридското Езеро.
Максималната температура во сабота ќе има вредности оо 36°С до 38°С долж повардарието и низините во источниот регион, околу 35°С во пелагониската котлина и околу 33°С во охридско-преспанскиот крај.
УВ индекс: 9
И недела ќе биде претежно сончева, но повторно со услови за локален дожд. И да, повторно западниот во дел од земјата ќе има повеќе услови за повремен, но краткотраен дожд. Ако ги споредиме сабота и недела, недела би донела генерално послаб дожд. Приквечер можен е сосема слаб дожд во осоговскиот крај.
Температурата во недела ќе биде пониска, околу 34°С, но во северниот дел од земјава. Јужниот регион ќе има слична температура како и во сабота. Југот на повардарието ќе биде за нијанса потопол, со максимална температура околу 38°С.
УВ индекс: 9
Идентично време нè очекува и денес. Спарно наутро и навечер, преку ден жешко и со слаб, изолиран развој на купесто – дождовна облачност во северозападниот регион.
Максималната температура повторно ќе биде во дијапазонот од 36°С до 38°С долж повардарие, околу 34°С во пелагонија и околу 32°С во охридско преспанскиот крај.
УВ индекс: 9