Еванина: Русија, Кина и Иран настојуваат САД да не добијат вакцина против коронавирус

Сподели со своите пријатели

Русија, Кина и Иран ќе се обидуваат да ги спречат САД да добијат и користат вакцина против коронавирус обвини директорот на американскиот Национален центар за контраразузнавање и безбедност, Вилијам Еванина, пренесе Тасс.

Loading...

Еванина во интервју за американската телевизија „Хирст“  директно ги обвини Русија, Иран и Кина дека се обидуваат да ги спречат САД „први да ја добијат вакцината“.

Откако САД ќе ја добијат вакцината, овие три земји сигурно ќе се обидат да ја спречат нивната дистрибуција, обвини тој, но не даде никакви докази за овие наводи.

Британскиот национален центар за кибер безбедност во јули соопшти дека хакери кои работат за руски разузнавачки служби се обиделе да украдат информации за вакцините за Ковид-19, што се развиваат во Велика Британија, Канада и САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, овие обвинувања ги оцени за неосновани.

Сашко Димевски

Leave a Reply