ЕУ сака да одржи заеднички поморски вежби, загрижена за безбедноста на инфраструктурата

Сподели со своите пријатели

Еврокомесарот за заштита на животната средина, море и рибарство Вирџиниус Синкевичиус денеска објави дека ЕУ сака да одржи заеднички поморски вежби на земјите-членки и на тој начин да обезбеди подобра заштита на критичната инфраструктура.

Loading...

ЕУ денеска ќе објави ажурирана стратегија за поморска безбедност и ќе предложи секоја година да се одржуваат заеднички поморски вежби на земјите-членки, пренесува Ројтерс.

Оваа стратегија предвидува координација на земјите-членки на ЕУ во заштитата на гасоводите, подводните кабли кои пренесуваат податоци, морските фарми со ветерници, како и друга критична инфраструктура.

Планот на Европската унија се потпира на зголемена соработка со НАТО и предвидува повеќе патроли на крајбрежната стража и поефикасно споделување податоци меѓу земјите на ЕУ, така што потенцијалните закани се идентификуваат во рана фаза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Според Синкевичиус, работата на овој план започнала уште пред експлозиите на гасоводите Северни Ток 1 и Северни Ток 2 во септември минатата година.

По споменатите експлозии, планот на ЕУ беше ажуриран за да го одрази „зголемувањето на заканите“, додаде тој.