ЕУ пренасочи 135 милиони евра првично наменети за програми со Русија и Белорусија во насока на зајакнување на соработката со Украина и Молдавија, се вели во соопштението објавено во средата попладне.
Loading...
– Одлуката е резултат на бруталната војна на Русија против Украина – изјави еврокомесарката за кохезија и реформи, Елиса Фереира.
ЕУ, исто така, одлучи регионите во Финска, Естонија, Латвија и Полска, кои требаше да учествуваат во програми за соработка со Русија и Белорусија, да можат да учествуваат во други постоечки програми, пренесува Ројтерс.