Ердоган тужи германски политичар затоа што го нарекол „канализациски стаорец“

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе кривична пријава против германскиот политичар Волфганг Кубицки, кој го нарече „канализациски стаорец“.

Loading...

Адвокатот Мустафа Каплан изјави за ДПА дека поднел кривична пријава во име на Ердоган до државното обвинителство во Хилдесхајм за навреда и клевета.

Кубицки, политичар од Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“ додека ја коментираше имиграциската политика на турскиот лидер.

На прашање на ДПА, заменик-претседателот на партијата рече дека не е загрижен за можен правен спор со Ердоган.

Според извештајот на магазинот Шпигел, во писмото на Каплан до јавното обвинителство се тврди дека изјавата на Кубицки е „омаловажување на засегнатото лице“ и „незаконски напад на честа на друго лице“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Анкара веќе го повика германскиот амбасадор поради изјавата на Кубицки.

„Фактот дека г-дин Ердоган започна околу 200.000 такви постапки од почетокот на неговиот мандат во 2014 година, всушност кажува се“, рече Кубицки во петокот.

Тој понатаму истакна дека стаорците од канализацијата се слатки, но и „паметни и лукави“.

Loading...

„Во секој случај, мирно чекам можен правен спор“, додаде Кубицки.