„САД работат против интересите на Турција, Иран, а можеби и Русија на северот на Сирија, каде испраќаат воени залихи во областа под контрола на курдските сили“, рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Ако САД велат дека испраќаат 5.000 камиони и 2.000 теретни авиони оружје за борба против Исламската држава ние во тоа не веруваме, рекол Ердоган во обраќањето на членовите на својата партија АК во парламентот.
Тој додал дека тоа значи оти САД калкулираат против Турција и Иран, а можеби и Русија.
Турскиот претседател повторно го изнесе барањето американските трупи да се повлечат од сирискиот град Манбиџ.