Експлозија во Северна Митровица! Двајца повредени, неколку автомобили оштетени

Сподели со своите пријатели

Нешто пред полноќ во северниот дел на Северна Митровица била фрлена бомба, јавува порталот КоССев.

Loading...

Експлозивна направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на еден од рестораните, на крстосницата кај Техничкиот факултет, јавува КоССев.

Две лица се повредени.

Информацијата за KoSSev ја потврди заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.

„Вечерва околу 23 часот и 50 минути во близина на хотелот Бишевац на улицата „Књаз Милош“ во Северна Митровица експлодирала сомнителна рачна бомба. Од експлозијата се оштетени седум возила, а две лица се повредени. Едно лице е со тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност. Надлежни полициски единици се на лице место и се занимаваат со случајот“, се вели во соопштението на Елшани.

Бојан Вучиниќ, лекар во КБЦ Северна Митровица, изјави дека околу полноќ бил примен маж со повеќе повреди предизвикани од експлозивна направа, а Косово онлајн пренесува дека пред болницата има припадници на косовската полиција.

На лице место биле и припадници на ЕУЛЕКС и КФОР, а истрагата е во тек.