Екипата на ЖРК Куманово поразена во Шпанија, искуството непроценливо

Сподели со своите пријатели

Во преполната сала во Алкобендас екипата на ЖРК Куманово го претпе вториот пораз во европскиот челинџ куп оваа сезона во реваншот.

Мотивацијата и желбата кај кумановските ракометарки беше на одлично ниво меѓутоа се случи неочекувано висок пораз од шпанските ракометарки, кој што заврши со резултат 31:15. Тагата после натпреварот  беше присутна кај сите ракометарки кој едноставно не беа свесни што им се случи на овој натпревар, не одеше ни во нападот ни во одбраната.

Сакам да им честитам на екипата на Хелветиа Алкобендас од Шпанија.  Ние го одигравме најлошиот меч во оваа сезона. Сѐ беше катастрофа, одбраната, нападот, сѐ беше погрешно. Кога играш меч од 60 минути многу важно е да почнете добро, а ние не го направивме тоа. Тие успеаја да почнат одлично и си победија, чисто и заслужено. Едноставно не можевме да се вратиме во натпреварот, веројатно ни падна самодовербата – изјави најдобрата напа ракометарка во овој наптревар Александра Боризовска

Првите луѓе на клубот сепак се оптимисти.

Стратегијата во нашиот клуб не се базира на еден или два лоши натпревари, искуството кој што го стекнуваат со играњето во европскиот челинџ купот е непроценливо. Се работи за тим кој што е составен од ракометарки од 14 до 24 години. Во иднина се надеваме на подобар резултат  и успех. Сега ќе се фокусираме на домашното првенство и остварување на подобар резултат од минатата сезона – велат од управата.

Во четврток на домашен терен ракометарките на Куманово го пречекуваат составот на Металург во рамките на домашното првенство.

 

Loading...