ЕЦБ рекордно ги зголеми каматните стапки за да избегне рецесија

Сподели со своите пријатели

Европската централна банка денеска ги зголеми клучните каматни стапки за рекордни 0,75 процентни поени и сигнализираше дека повторно ќе ги зголеми, и покрај заканата од рецесија, бидејќи нејзиниот фокус е да ја задржи високата инфлација.

Loading...

Откако ги зголеми каматните стапки во јули за половина процентен поен, сега ЕЦБ ја зголеми каматната стапка на банкарските депозити преку ноќ од нула на 0,75 отсто.

Каматната стапка за рефинансирање на банките е зголемена од 0,5 на 1,25 отсто, што е највисоко ниво од 2011 година, а каматната стапка за банкарските кредити преку ноќ од 0,75 на 1,5 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

„Овој значаен потег ја забрзува транзицијата од преовладувачкото високо прилагодливо ниво на каматни стапки кон нивоа што ќе овозможат враќање на инфлацијата на целното ниво на ЕЦБ од два проценти во среднорочна перспектива што е можно поскоро“, се вели во соопштението за печатот на ЕЦБ.

Сигнализираа дека повторно ќе ги зголемат

ЕЦБ и оваа година повторно ги зголеми проекциите за инфлацијата, од 6,8 на 8,1 отсто. Тој значително ја подигна и проценката за инфлацијата во следната година, од 3,5 на 5,5 отсто.

Во 2024 година би требало да се намали на 2,3 отсто, според последните проекции.

И покрај значителното зголемување на каматните стапки, од ЕЦБ сигнализираа дека би можеле повторно да ги зголемат на следните седници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

„Управниот совет на следните неколку состаноци очекува дополнително зголемување на каматните стапки со цел да ја пригуши побарувачката и да се заштити од ризикот од трајно зголемување на инфлаторните очекувања“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Loading...

За оваа година банката предвидува раст на економијата на еврозоната од 3,1 отсто, со што благо ја зголеми проценката од јуни.

Сепак, значително ја намали прогнозата за следната година, од 2,1 на 0,9 отсто. Во 2024 година очекуваат раст од 1,9 отсто, нешто поблаг отколку што предвидуваа во јуни.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, сепак на прес-конференцијата предупреди за „црното сценарио“, кое се заснова на претпоставка за целосно прекинување на испораките на гас од Русија и мерки како рационализација на потрошувачката на енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Во тој случај, еврозоната следната година би западнала во рецесија, со пад на активноста од 0,9 отсто, посочи Лагард.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.