Две лица се здобиле со полесни телесни повреди по сообраќајна несреќа која се случила вчера на крстосницата меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Биљановска“.
Во несреќата учествувале две возила, од кои едното марка „Хонда“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од триесетгодишниот К.А.Л. граѓанин на Софија и патничко моторно возило марка „Тојота авенсис“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот С.К. од Куманово.
И двајцата возачи се здобиле со телесни повреди од лесен карактер, а по укажаната помош во Општа Болница Куманово истите биле пуштени на домашно лекување.
По овластување од основен јавен обвинител на лице место увид извршиле полициски службеници од СВР Куманово.