Доњецката република ги протерува ОБСЕ: Набљудувачката мисија да ги прекине активностите до 30 април

Сподели со своите пријатели

Властите на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) најавија дека набљудувачката мисија на ОБСЕ треба да ги прекине активностите на оваа територија до 30 април, бидејќи, како што е објаснето, политичката реалност е променета.

Loading...

– Активноста на Мисијата не треба да продолжи на територијата на Републиката, бидејќи политичката реалност е променета, договорите од Минск повеќе не се релевантни, а правната реалност е променета поради официјалното признавање на ДНР од страна на Русија – соопшти министеркта за надворешни работи на ДНР Наталија Никонорова, пренесува ТАСС.

 

Лавров ја откри вистинската цел на руската агресија врз Украина

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)

Како што прецизира таа, „оваа одлука веќе е соопштена до локалниот персонал на набљудувачката мисија на ОБСЕ“ и во согласност со тоа, тие „мора да ги преземат сите неопходни активности до 30 април за да ги прекинат нивните активности“ на територијата на ДНР.

Мисијата на ОБСЕ започна со работа во Украина на 21 март 2014 година, а одлуката за нејзино формирање ја поддржаа сите 57 земји-членки на организацијата, а во мисијата учествуваа околу 1.000 набљудувачи со канцеларии лоцирани во Киев, Доњецк и Луганск.

На почетокот на март генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмит најави евакуација на речиси 500 набљудувачи откако Русија ја започна својата специјална воена операција во Украина, јави ТАСС.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза