Во големата сала на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вчеравечер свечено беа доделени наградите на 27. издание на МТФ Денови на комедија Куманово:
Жирито на 27 МТФ Денови на комедија 2024 Куманово во состав на претседател Александар Ивановски и членови: Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски, ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
Најдобра главна машка улога Фаик Мефаиловски „Вечера за глупаци“ Театар Велес;
Најдобра споредна машка улога, Марко Трајковиќ „Како што сакате“ Театар Куманово
Најдобра главна женска улога, Марија Минчева Андонов „Женидба“ Театар Штип;
Најдобра споредна женска улога, Марија Новак „Секс, лаги и љубомора“ Театар Охрид;
Најдобра режија Куштрим Бектеши „Итроштините на Патук“ Театар Тетово;
Најдобра претстава „Пар – распар“ Театар комедија, Скопје;
Најдобра сценографија Марија Ветерова „Како што сакате“ Театар Куманово;
Најдобра костимографија Лидија Георгиева „Како што сакате“ Театар Куманово.
Никола Ивановски