Дмитриј Рогозин, еден од најважните луѓе на Путин, е ранет во Украина

Сподели со своите пријатели

Дмитриј Рогозин, поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос и еден од најважните луѓе на Владимир Путин, претседателот на Русија, е повреден во украинското гранатирање на Доњецк, јавуваат руските новински агенции.

Loading...

„Хотел во предградието на Доњецк каде што беше гранатирана група воени советници предводена од Дмитриј Рогозин. Дмитриј добил рана на грбот и бил пренесен во болница. Неговиот живот не е во опасност“, објави неговиот помошник, а пренесе ТАСС.

Таа руска новинска агенција пишува дека во нападот загинале две лица, а неколкумина се повредени.

„Очигледно е дека се работи за целен напад. Експертите веруваат дека тоа е изведено со самоодна хаубица Цезар од 155 милиметри, произведена од француската компанија „Некстер“, додаде помошникот на Рогозин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Заедно со Рогозин е повреден и поранешниот руски вицепремиер, Виталиј Хотсенко, премиерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, пренесува Ројтерс.

Рогозин беше на чело на руската вселенска агенција до јули оваа година, а сега ја предводи групата воени советници Царски Вукови во Донбас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.