Кумановка пронајдена почината во својот дом во Иго Тричковиќ

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шестгодишна кумановка вчеравечер била пронајдена почината во нејзиниот дом во населбата Иго Тричковиќ.

– На 10.08.2026 во 19:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во дворот од нејзиниот дом во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово била пронајдена почината Л.Ј.(66) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на Институт за судска медицина за обдукција.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишник од Куманово натепан во центарот на градот