Денеска и утре без струја делови од Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово и Старо Нагоричане денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од улицата „Трајко Јовановски Кмет“, односно Шумски пат, како и локалитетот Карпошова воденица.

Во период од 09:00 до 15:00 часот денеска прекини ќе има и во селото Алгуња, во општината Старо Нагоричане.

Утре во период од 09:00 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Бранко Богдански Гуцман“ и „Драган Стопаревиќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заталкан куршум пронајден во двор во Куманово

Прекини утре во период од 09:00 до 14:00 часот ќе има кај корисниците во селото Жегљане, општина Старо Нагоричане.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски