49-годишен кумановец ја нападнал сопругата, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен кумановец бил приведен утринава по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.

– На 11.08.2026 во 04:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 47 – годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишник од Куманово натепан во центарот на градот