Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот закон за да имаат сите еднакви шанси на изборите

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска во Државната изборна комисија го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, за Парламентарните избори 2024 .

Loading...

По потпишувањето Димитриевски во изјавата за медиумите и јавноста рече дека сепак потпишале само форма, а не суштина. Тој додаде дека колку се демократски, колку се праведни, дали се правилни изборите и дали даваат
еднакви можности за сите, покажува реалноста.

„Големите политичи субјекти од народни, државни пари ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат“,рече Димитриевски и посочи
дека:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат платите на функционерите

„Во полн ек е претседателската кампања, за сите претседателски кандидати и гледаме како се одвива. Голем број на канадидати за парламентот се директно вклучени, инволвирани и се говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати.

Тоа ДИК треба да го преиспита. Но, на крајот последниот глас ќе го имаат граѓаните на 24 април“.

Димитриевски на крајот заклучи дека единствено граѓаните можат да го подигнат нивото на демократијата, а секако е потребно да се измени законот за да биде подеднакво за сите и да има правилни и демократски избори во Македонија.