Димитриевски на средби со градоначалниците на Атина и Драч

Сподели со своите пријатели

„Ние на Балканот имаме разбирање, многу важно имаме емоција, имаме чувство еден за друг, пријателски односи без разлика колку не се разбираме на маса да си помогнеме во најтешките моменти, а всушност тоа го влече и нашата заедничка балканска етногенеза”. Ова го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во рамки на Самитот на Б40 Мрежа на градови од Балканот.

Loading...

Димитриевски, заедно со претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, покрај средбите со градоначалниците на Сплит, Никшиќ, Котор, Пловдив, Бургас, Едирне, Велико Трново, Кочевје, Тројан, Чанакале и Истанбул, тие остварија билатерални средби со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис и градоначалничката на Драч, Албанија Емириана Сако.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученик нападнат од наставничка во липковско

 

 

„Самитот што се одржува овие два дена претставува добра можност за интензивирање на регионалната соработка. Со градоначалникот на Атина Бакојанис разговаравме на повеќе актуелни теми. Се заблагодарив за можноста Куманово да се зачлени во Б40 – иницијатива којашто е корисна за целиот Балкан. Куманово е една од најголемите општини во Македонија, таа е мултикултурна општина во која живеат повеќе од 10 заедници, кадешто се трудиме да го подобриме квалитетот на живот на секој граѓанин. Покрај средбата со градоначалникот Бакојанис, имавме средба и со градоначалничката на Драч Емириана Сако, град со кој сме збратимени. Со Сако дискутиравме за проширување на соработката во полето на спортот, културата, реализација на заеднички проекти и активности со цел економски развој“, информира Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе додели милион денари за Сирија и Турција

Димитриевски, во вчерашното свое излагање пред градоначалниците од 10 балкански земји потенцираше дека локалните власти треба да им покажат на големите политичари како всушност се работи и се размислува за своите граѓани, за своите држави и за балканскиот регион. Тој посочи дека Балканот има капацитет да се сплоти и спои бидејќи има и што да даде, особено на Европа каде сите граѓани посакуваат да бидат.

 

Loading...

 

„Ние на Балканот имаме разбирање, многу важно имаме емоција, имаме чувство еден за друг, пријателски односи без разлика колку не се разбираме на маса да си помогнеме во најтешките моменти, а всушност тоа го влече и нашата заедничка балканска етногенеза“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одбележани 79 години од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош (ФОТО)

Мрежата на балкански градови е формирана во месец ноември 2021 во Истанбул, Турција со идеја за унапредување на соработката и зајакнување на демократијата на Балканот. Оваа година, самитот се одржува во Атина, општина којашто го има презедено претседателството на Б40 Мрежата на балкански градови.